| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ: Граѓаните да не наседнуваат на провокации

dui

Демократската унија за интеграција (ДУИ) по денешниот инцидент во Гошинце ги повика граѓаните да не дозволат да паднат во замка на вакви провокации и побараа од институциите побрзо расветлување на случајот.

– Граѓаните не треба да бидат вознемирени, но истовремено не треба да дозволат да паднат во замка на таквите провокации. Ваквите провокации нема да не поместат од претходно утврдената платформа – стои во соопштението од ДУИ.

ДУИ бара од надлежните институции да превземат одговорност за гарантирање на безбедноста на граѓаните и што побрзо да го расветлат овој случај.

– Истовремено, потребно е интезивирање на регионалната соработка со цел гарантирање на стабилноста и намалување на просторот за дејствување на групите кои имаат за цел спречување на платформата за интеграција и помирување – се наведува во текстот.

Во партиското соопштение се наведува дека инцидентот во Гошинце е акт што, пред се, е на штета на албанската агенда во Македонија и во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top