| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн ќе напаѓа без крила, Порто ќе ги брани двата гола позитива без бекови

Франк Рибери и Арјен Робен нема да бидат во составот на Баерн Минхен вечерва во мошне важниот реванш против Порто за да се анулира негативата од 1-3 од првиот меч, што значи дека Баварците ќе топат минус два без стартните крила.

Интересно е што на страничните позиции кај Порто на „Алијанц арена“ нема да истрчаат стандардните бекови Алекс Сандро и Данило, еден од најдобрите странични дефанзивни тандеми во Европа. Баерн без крила против Порто без бекови, таква е најавата за новата пресметка на старите ривали во новата германско-португалска пресметка.

Со идентична предност како и Порто, но на домашен терен ќе почне Барселона во реванш дуелот против Пари Сен-Жермен. Клучно на првиот меч веројатно беше отсуството на Златан Ибрахимовиќ во составот на „светците“ од Париз, кои лесно згаснаа пред налетите на Каталонците.

Вечерва Ибракадабра се враќа на „Камп ноу“ и ќе игра за ПСЖ против некогашниот свој клуб Барселона, но за подвиг на францускиот клуб ќе треба многу среќа и екстраквалитетна партија на парижани во Барселона.

Двата дуели почнуваат во стандардниот термин за ЛШ, во 20.45 часот.

Porto's forward Ricardo Quaresma (L) cel

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top