| четврток, 6 декември 2018 |

Владиката Пахомие под истрага за силување на момче

pahomije

Блиц јави дека од обвинителството потврдиле дека е отворена истрага против владиката Пахомие.

Тој и претходно бил обвинет за злоставување на 4 момчиња но случајот застарел.

Магационерот Немања за неделникот Врањске изјавил дека прв пат бил нападнат од владиката кога имал 16 години во 2004 година. Владиката бил пијан. Следната година кога починал татко му владиката му понудил помош.

– Ги знаев неговите мотиви но не смеев да кажам што ми се случува. Секоја вечер доаѓаше во мојата соба и ми велеше дека нема ништо лошо во тоа што го прави. Се бранев го буткав и плачев – вели Немања кој избегал по една недела.

Немања се вработил како магационер во епархијата но по пописот во ноември му нашле кусок на пари и добил најави за отказ.

За целиот случај од епархијата велат дека е сценарио кое нема да даде резултати – пишува Блиц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top