Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, претпладнето во Брисел имаше средба со првиот човек на Европска народна партија, Жозеф Дол, чија политичка опција е најсилна во Европскиот парламент и воопшто во Европа. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на оваа средба Дол изразил поддршка на евро-атлантските интеграции на Македонија и на нејзините напори за побрзо зачленување во Европската унија и во НАТО.
– Се сретнав со господинот Жизеф Дол, претседател на ЕПП и голем пријател на Република Македонија и човек што и посакува добро на нашата држава. Разговаравме на повеќе теми, вклучително и темата за нашите напори за добивање на датум за преговории почеток на преговори за членство во ЕУ. Секако, разговаравме и за актуелните случувања во Република Македонија, за што детално го информирав, а тој покажа голем интерес. Се разбира, негова и цел на сите пријатели на Македонија е актуелните случувања во земјата што побрзо да се разрешат и земјата непречено да ги продолжи своите напори за почеток на преговорите за членство во ЕУ и напредок на тој план – истакна премиерот Груевски во изјава за МИА по средбата.
Премиерот Груевски, кој е во придружба на владина делегација во која се потпретседателот на македонската Влада задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерот за надворешни работи Никола Попоски, попладневово Брисел присуствува на заедничката средбата на премиерите од државите од Западен Балкан со еврокомесарите за преговори за проширување Јоханес Хан и за транспорт Виолета Булц. Целта на средбата е разгледување на интегрирањето на копнениот, речниот и воздушниот сообраќај на Балканот во заедничката европска мрежа, како и инвестициска соработка и поддршка на Унијата за инфраструктурните за конкретни проекти важни за регионот.
Како што е предвидено во програмата на Европската комисија, на овој настан ќе присуствуваат шестмина премиери од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, на кои ќе им бидат претставени конкретни предлози за проекти. Оваа средба е континуитет на активностите што претходеа на претходните средби на државите на Конференцијата минатата година во Берлин и министерските состаноци во Белград и Приштина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски