Драматургот Братислав Димитров на вчерашната трибина на Граѓанското движење на одбрана на Македонија, која се одржа во Крива Паланка, истакна дека крајно време е до опозицијата да се упатат три вистини: дека ги изгуби изборите, дека не живееме во еднопартиски систем и дека вербалниот деликт е одамна систимски укинат.
Наспроти тоа, рече тој, за првпат во историјата во театрите се зголемени платите и светски рекорд се двата отворени театри за две години.
– Упатуваме порака до светот дека ние сме питом народ. Древна цивлизација и народ кои домаќински гледа на настаните. Наша основна идеја е да се активира свеста дека нашите предци умееле да се изборат за себе и дека народот е силата која дава ветер во едрата на власта, а таква власт ја води нашата држава и истата е избрана на најдемократски начин – рече Димитров.
Тој повика борбата да се води на институционален план.
– Сè ќе помине, ќе издржиме. Македонскиот народ е истраен и таков ќе биде како многупати во историјата. Треба да бидеме жестоки, но принципиелни и чисти во срцата – рече Димтиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.