| четврток, 6 декември 2018 |

Битолски театар со „Отело“ гостува во Велес

Битолскиот театар со претставата „Отело“ од Шекспир, во режија на Диего де Бреа, денеска ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во рамките на мнифестацијата „Велес – Град на културата 2015“. Насловниот лик ќе го игра Борче Ѓаковски, а како Дездемона ќе настапи Катерина Аневска. Покрај нив, во претставата учествуваат и Маријан Ѓоргиевски, Иван Јерчиќ, Никола Пројчевски, Валентина Грамосли, Петар Горко и Илина Чоревска.

Светлосниот дизјан и изборот на музиката за претставата се на режисерот Де Бреа, а костимите ги изработи Благој Мицевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top