На Пабло Ескобар животот како еден од најголемите светски дилери на дрога му донесе импресивен имот. Неславно познат како кралот на кокаинот, Ескобар, наводно, бил одговорен за 80 проценти од светскиот кокаин додека бил на чело на картелот Меделин. Хациендата „Наполес“, екстравагантниот имот на наркобосот во Колумбија, заедно со големата куќа, опфаќала зоолошка градина со нилски коњи, носорози и жирафи, потоа аеродром, па дури и реплика на паркот на диносаурусите.
По неговата смрт во 1993 г., владата ја презела контролата над имотот претворајќи го во тематски парк. Меѓутоа, постои уште еден имот на Ескобар, кој е оставен да пропаѓа. Сокриен на брегот Картагина во Колубија, на малиот остров Ла Исла Гранде, се наоѓа уште еден од монументалните домови на Пабло Ескобар. Вилата со повеќе од 300 соби и станови покрај плажата, била палата на плејбој-екипата. Дури и главите на тушевите во куќата биле екстравагантни – обложени со злато.
Во центарот на комплексот се наоѓал огромен базен опкружен со палми, со поглед на Карипското море. Ескобар во неа минувал најмногу време, бидејќа имала писта за неговите шест хеликоптери. Но, што друго да се очекува од човек чие богатство се проценува на повеќе од 30 милијарди долари.
Островот денес нема вода и струја, па и пристапот е отежнат, доколку немате глисер што се совршени услови за некого, кој своите милијарди ги заработува со тајни активности. Се разбира, кога Пабло живеел во вилата, имал вооружени чувари подготвени да им посакаат „добредојде“ на сите непожелни посетители.
Токму во споменатата вила режисерот Андреа ди Стефано сакал да го снима филмот „Ескобар: Изгубениот рај“, меѓутоа, не успеал да добие дозвола од колумбиските власти. Екипата морала да најде нова локалција, така што некои од највпечатливите сцени во трилерот „Ескобар: Изгубениот рај“ се снимани во Панама.
Стефано во неговиот дебитантски филм улогата на моќниот нарко бос му на доверил на Бенисио Дел Торо. Извонредниот актер се поправил до непрепознатливост во текот на снимањето, за што поверно да го долови ликот на Ескобар.
Покрај Бенисио дел Торо во филот игра и Џош Хачерсон, кој невнимателно влегува во бескрупулозниот свет на дрогата, парите и застрашувачките убиства поради љубовта кон сестрата на Ескобар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.