„Свесни сте за фактот дека некој цело време знае каде сте, дали го носите телефонот со себе, дури и тогаш кога е исклучен. Дали го знаете тоа? “, праша шефот на технолошкиот оддел на ЦИА, зборувајќи на технолошката конференција „GigaOM’s Structure:Data conference“ во Њујорк.
„Било кој податок добива на вредност дури тогаш кога можете да го поврзете со нешто што ќе се случи во иднина“, објаснува Хант, додавајќи дека светот е сè повеќе преплавен со пораки, твитови и видео записи и дека ЦИА сака да го собере сето тоа.
„Вие сте движечка платформа со сензори“, изјави тој пред собраните љубители на технолошки новости, забележувајќи дека сите имаат телефони и таблети со камери, детектори на светло, додатоци за гео-лоцирање…
„Свесни сте за фактот дека некој цело време знае каде сте, дали го носите телефонот со себе, дури и тогаш кога е исклучен. Дали го знаете тоа? Да? Па и би требало!“, вели тој. Иако малку време посвети на заштитата на податоците во онлајн сферата, Хант напомена дека технологијата денес многу брзо се развива, што сите треба да се запрашаме за нашите права и кој ги поседува податоците за нас.
Неговото предавање доаѓа неколку дена откако беше објавено дека „Amazon“ со ЦИА потпишал десетгодишен договор, вреден 6 милиони долари, кој се однесува на развивање на „cloud“ сервисот. Иако не го потврдил договорот со медиумите, Хант во повеќе наврати зборуваше за „cloud“ сервисите и нивното значење во денешниот свет. Во текот на неговиот говор тој зборуваше и за развојот на апликациите за мобилни телефони, дополнително раширувајќи ја дебатата со шега за иднината во која самоуправувачките автомобили ќе ги тераат луѓето да одат да купуваат производи во продавница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?
-
Анкара издаде налог за апсење на поранешен агент на ЦИА