Седум лица, меѓу кои шестмина туристи од Велика Бртанија и од Шпанија, загинаа кога мал авион, со кој полетаа од Пунта Кана во Доминиканската Република, се урна на терен за голф, соопштија локалните власти.
Меѓу загинатите е и пилотот од Доминиканска Република, Хектор Соријано (37), соопшти Канцеларијата за цивилно воздухопловство, додека имињата на туристите не се објавени.
Засега не е познато колку точно туристи имало од Велика Британја, а колку од Шпанија.
Причината за несреќата не е позната, но сведоците наведуваат дека пилотот се обидел да слета на теренот за голф, што укажува на можен проблем со моторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.