Извонредниот бек на Чикаго булс, Џими Батлер, беше лидер на тимот во втората победа против Милвоки бакс за предност на биковите од 2-0 во првата рунда од плејофот.
Батлер постигна 31 поен, најмногу на мечот, иако во еден момент беше и на работ на исклучување. Тој се закачи со О`Џеј Мејо при инцидентот што го предизвикаа Хенсон и Брукс, но за среќа на Чикаго доби само техничка грешка. Кај Милвоки кој сега ќе игра на домашен терен во следните два дуели најефикасен беше Крис Мидлтон со 22 поени.
Со 2-0 води и Голден стејт вориорс против Њу Орлеанс пеликанс, по триумфот од 97-87 во вториот меч. Томпсон и Кари заедно искомбинираа 48 поени, речиси половина од домашниот тим. За еден поен поефикасен беше тандемот на гостите Дејвис и Гордон, но Пеликанс го загубија и вториот меч во Сан Франциско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.