| четврток, 6 декември 2018 |

Дополнителни 17,7 милиони долари од САД за Украина

сад

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден разговараше со украинскиот претседател Петро Порошенко за кризата во источниот дел на Украина и понуди дополнителни 17,7 милиони долари помош за оваа земја.

Според соопштението од Белата куќа, помошта е наменета за храна, вода и за засолништа.

Бајден и Порошенко разговарале и за реформските напори на Украина.

Американскиот потпретседател го поздрави именувањето на новиот шеф на Бирото за борба против корупцијата и го охрабри натамошното спроведување на реформите од областа на владеење на правото, меѓу кои е и реформата во праводуството, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top