Рускиот претседател Владимир Путин беше прогласен за највлијателен светски лидер, според „Тајм“. По тој повод, магазинот се осврна на рускиот политичар односно на помалку познатиот аспект од неговиот живот – детството и младоста, и објави ретки фотографии од овој период на Путин како и кратка биографија за него.
Путин е роден на 7. октомври 1952 година во Ленинград (Санкт Петерсбург). Неговиот татко бил сериозно повреден во Втората светска војна, а брат му починал во нередите во градот тој период.
Малку се познати деталите за животот на Путин – причината за тајноста на овие информации е фактот што бил дел од КГБ. Пред да влезе во тинејџерските години Путин почнал да тренира боречки вештини, комбинации на карате и џудо, а потоа продолжил со практикување на џудото.
Уште од овие години, Путин сакал да биде дел од тајната руска служба.Откако завршил средно училиште, се запишал на правен факултет, за што верувал дека ќе му ги зголеми шансите за вклучување во КГБ.
Во средина на 70-тите, додека бил во брак во прата сопруга Људмила, Путин бил регрутиран во КГБ, каде останал 15-тина година.
Во 1984 добил обука за шпион и бил испратен на мисија во Источна Германија – од каде требал да дава извештаи за активноста во Западна Германија и да регрутира странски студенти.
Но кога паднал Берлинскиот ѕид Путин и неговата фамилија се вратиле во својата татковина и овој период започнала неговата транзиција во политиката. Станал дел од кампањата на Анатолиј Собчак како клучен соработник. Подоцна официјално даде отказ од КГБ и стана заменик градоначалник на Ленинград (Санкт Петерсбург).
Откако Собчак ги изгубил изборите во 1996 година, Путин се сели во Русија каде две години подоцна застанува на чело на ФСБ (служба наследник на КГБ) што го стави овој руски лидер на патот кон врвот на кој се наоѓа сега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.