| четврток, 6 декември 2018 |

Климовски: Намерата на Заев да добие техничка влада нема да успее

A. klimovski(1)

Универзитетскиот професор Александар Климовски денес учествуваше на трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија која се одржа во Крива Паланка.

Климовски пред кривопаланчани рече дека опозицијата водена од комунистичката матрица пред 50 години мисли дека она што се говори по телефон се уште се казнува, но како што рече нивниот план за дестабилизација на државата пропаѓа. Расте немирот и анксиозноста во партијата.

– Намерата на Заев да добие техничка влада која ќе игра улога на нова квинслиншка влада нема да успее, бидејќи сакаат да посеат страв, нетрпеливост, немир и разорување на народот. Ова е веќе видено историско сценарио на дообработување за странски интереси кое македонскиот народ умее да го препознае. И се надеваме групата која го врши овој предавнички чин ќе добие долгогодишни затворски казни. Со нивните постапки одат кон судски прогон и тендециозно ги оспоруваат самото обвинителство и судството, бидејќи токму таму и ќе завршат, рече Климовски.

Климовски нагласи дека обвинувањата на опозицијата паѓаат во вода поради противзаконски прибавените материјали кои ги ојбавуваат во јавноста поради тоа што Законот за кривична постапка е јасен дека доказите прибавени на противпарвен начин се невалидни и правото не ги препознава, а врз нив не може да се заснива судска одлука. Климовски на крајот од Крива Паланка  упати апел  до опозицијата за доброто на Македонија да се сврти сама кон себе, да се реформира, да се екипира  и да направи програма бидејќи на власт се доаѓа само со идеи, програма и одржување на дадениот збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top