-Се добива впечаток дека Западот ја сака Русија само кога е слаба и кога треба да и се испрати хуманитарна помош – изјави Владимир Путин во интервју за документарниот филм „Претседател“, посветен на 15-годишнината од почетокот на неговиот прв мандат на местото шеф на државата – пренесуваат руските медиуми.
– Понекогаш добивам впечаток дека тие нѐ сакаат само кога треба да ни се испрати хуманитарна помош. Тогаш е сѐ во ред, тогаш ни испраќаат компири – рече Путин во интервјуто со Владимир Соловјов, автор на филмот што ќе се емитува на 26 април.
– Во светот решиле дека Русија треба да престане да постои во сегашната форма. Прашањето е само кога ќе се случи тоа и кои ќе бидат последиците – наведе рускиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.