Потпишан е новиот колективен договор на МВР, во кој се имплементирани највисоките стандарди на ЕУ во однос на уредување на администрацијата. Заедничка цел е подобрување на условите за работа и зголемување на сигурноста и одговорноста на работното место, како предуслов за поголема ефикасност во работењето, потенцираа Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и претседателот на Полицискиот синдикат Тихомир Најдовски. Според Јанкулоска, потпишан е модерен колективен договор, усогласен со меѓународните стандарди, а со него децидно се утврдени постапките со кои се овозможува оставаруваљње на правата и обврските на работниците во МВР, што произлегуваат од нивниот работен однос.
– Најсуштинско во овој договор е тоа што првпат создаваме јасна класификација на работните места по нивоа. Со овој модел создаваме услови за поефикасно имплементирање на системот на кариера, рече министерката Јанкулоска.
Со новиот колективен договор, појасни таа, е разработена постапката за спроведување на мерките за одличен и слаб ефект, во чии рамки меѓу другото се предвидува со оценка пет да можат да бидат оценети најмногу пет проценти од оценетите работници од конечната ранг листа на оценки на сите работници во МВР. Тоа значи тие да можат да бидат наградени со бонус во износ од една основна плата на работникот кој се наградува. Вработените ќе бидат оценувани од страна на обучени и сертифицирани оценувачи.
Со новиот Колективен договор воведен е електронски начин на полагање на приправничкиот испит, направена е јасна дистинкција помеѓу распоредувањето и унапредувањето, а е извршено и прецизирање на постапките за нивно спроведување и реализирање. Воспоставена е јасна класификација на работните места во МВР, со што, истакна Најдовски, се создадени услови за попрофесионалн и поправична систематизација на работните места, а со тоа и изготвување нова листа на плати. Унапредени се одредбите за безбедност и здравје при работа, како и воведување нови работни места во систематизацијата – психолози во секторите.
– Решен е и статусот на вработените со вишо образование, разработени, прецизирани и унапредени се одредбите за мирно решавање на колективни и индивидуални спорови и арбитража. Воведени се поголеми права на синдикалниот претставник во постапката за утврдување материјална одговорност на работниците, а воведен е и додаток за работа во издвоени објекти, појасни Најдовски.
Инаку, во новиот колективен договор се задржани сите оние права кои на вработените им беа загарантирани со претходниот, меѓу кои се правото за зголемување на надоместокот за прекувремена работа за време на празник од 50 на 150 проценти, додатоците на плата кои се различни за различни категории вработени, зголемување на времетраењето на годишниот одмор за лицата кај кои е утврден инвалидитет со најмалку 60 проценти во траење од три дена, заштита на работникот од дискриминација, вознемирување полово, физичко и психичко на работното место, право на надомест на плата во неработни денови утврдени со закон и друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Синдикатот на Клинички центар бара ист коефициент за зголемување на платитекако за специјалистите
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил