| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен ден во Француското интернационално училиште

Француското Интернационално училиште во Скопје во вторник на 21 април во девет часот ќе ги пречека сите родители кои сакаат нивните деца да учат на француски јазик. Преку презентација на современите методи и програми што се практикуваат во училиштето, родителите ќе имаат можност да погледнат какво ниво на образование, социјализација и независност се практикуваат и се добиваат со посета на Француското Интернационално училиште.

– Веќе стана практика да организираме отворен ден за родителите и учениците кои сакаат да бидат дел од нашето училиште. Овој настан ќе овозможи сите заинтересирани да се запознаат со наставните програми и организацијата, спроведени според начелата на Министерството за образование на Франција. Усогласеноста со основните принципи на еднаквост, слобода и секуларизам е една од основните критериуми и практики што ги негуваат француските училишта во странство. Тие, впрочем се и основата на квалитетното образование секаде во светот – изјави Себастиен Шевал директор на  Француското Интернационално училиште во Скопје.

 Програмата за отворениот ден содржи голем број анимации за различни групи на деца. Покрај претставувањето на францускиот образовен систем, родителите и децата ќе се запознаат и со опасностите во домот, на училиште и на улица, а ќе научат и како да се справат со прва помош во неколку незгодни ситуации. На настанот своја изведба ќе има и детскиот хор на училиштето.

Воспитно-образовниот процес во училиштето го водат угледни и искусни професори од Франција преку настава на француски јазик, додека пак децата по пет часа неделно го изучуваат и македонскиот јазик како и англискиот јазик. Француското Интернационално училиште издава свидетелства признати насекаде во светот, исто како ученикот своето образование да го завршил во Република Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top