Норвешкото Министерство за култура најави дека од 2017 година ќе почне процесот на целосно трансформирање на радиостаниците со фреквенциска модулација (ФМ) во дигитални, со што ќе се стави крај на една ера.
Како што објави портаолот „Радио“, според Министерството, дигитализацијата ќе им овозможи на норвешките слушатели поразновидни радиски содржини.
Раководителот на Норвешкото здружение на радиодифузери, Тор Гермунд Ериксен смета дека ваквата одлука преставува важен момент за сите тие што го сакаат радиото. – Одлуката на Министерството ќе ни овозможи да се насочиме кон создавање радиски содржини со висок квалитет – нагласи Ериксен.
Во моментов во Норвешка функционираат 22 дигитални радиостаници и само пет ФМ радија.
Кај ФМ радијата звучните содржини се пренесуваат со менување на фреквенциите на радиосигналот. ФМ радиото е патентирано во 1933 година, но во последниве години со дигтализацијата на радио сигналите неговата ера се доближува до својиот крај.
Сепак, според една американска студија од 2012 година, над 90 отсто од жителите на САД и натаму слушаат ФМ или АМ радиостаници барем еднаш неделно, иако е забележан тренд на пораст на слушањето радио преку интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.