Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги повика владите на членките на Евrопската унија итно да направат план со цел справување со бранот бегалци и eмигранти кои пристигнуваат во Европа, особено по последната катастрофа во Медитеранот, пренесе МИА.
– Последната хуманитарна трагедија со стотици мртви во морето крај Лампедуза нѐ исполни со тага и загриженост. Никој од нас не може да биде пасивен кога стотици души се изгубени во Медитеранот, во обид да избегаат од војна и сиромаштија. Европа не може да ја цени вредноста на човечкиот живот, освен ако не преземе мерки за да се спречи оваа трагедија која трае. Да го запре Медитеранот да биде море-гробишта, а јужните европски земји магацини за човечките душри – се вели во пишаната изјава на Ципрас.
Ципрас истакна дека испратил итно барање до владите на членките на ЕУ итно да направат план за справување со хуманитарната криза со која се соочуваат и оти планот треба да се занова на три нивоа: надградување на структурите за справување со миграцијата и барање и спасување во Медитеранот, поддршка на европските медитерански земји кои примаат емигранти и бегалци, преземање дипломатски иницијативи за мирно решавање на конфликтите во Сирија, Ирак и Либија, како и ефективно справување со џихадизмот.
Ципрас информира дека телефонски разговарал и со италијанскиот премиер Рензи „за да изрази жалење за жртвите во трагичниот инцидент“ и да го поддржи неговиот предлог за итен состанок на Европскиот совет на кој ќе се дискутира за справување со миграцијата во Медитеранот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос