Максимално достигнување од 4-0 во вчерашните натпревари од првото коло во НБА-плејофот имаа домашните екипи. Меѓу нив е и Атланта хоукс, чијшто член е македонскиот кошаркар Перо Антиќ.
Шестката на „јастребите“ постигна 8 поени во победата на Атланта против Бруклин нетс со 99-92. Најефикасен беше Кајл Корвер со 21 поен.
Претходно Кливленд со 113-100 го победи Бостон селтикс и поведе со 1-0 во серијата до 4 победи, а ноќеска славеа и Мемфис против Портланд со 100-86 и Лос Анџелес клиперс со шампионот Сан Антонио со 107-92.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.