| четврток, 6 декември 2018 |

Разобличена најголемата лага на Заев – не биле прислушувани 20.000 броеви

zaev-pres-9Зоран Заев фатен во најголемата лага од почетокот на презентирањето на бомбите. Во обид неприметно да ретерира од лагата која ја ширеше уште од првиот ден на аферата дека власта масовно прислушувала повеќе од 20.000 граѓани, (а некогаш бројката варираше до 26.000 граѓани), Заев преку медиумите кои се под негова контрола сега пласира информација дека, всушност, кај себе поседувал материјали за 4.000 прислушувани броеви, односно дека не станува збор за бројка од 20.000 како што претходно самиот тврдеше. Скандалот да биде поголем, тезата за масовното прислушување ја урива опозицискиот „Фокус“, кој заедно со сите други опозициски медиуми финансирани од Сорос претходно безусловно ги прифатија тврдењата на Заев како апсолутна вистина и така ја презентираат во јавноста повеќе од два месеци иако досега никој ниту виде ниту слушна каков било доказ дека тоа што го тврдеше Заев е вистина.

Во последниот број на „Фокус“, неделникот се обидува да ги оправда лагите на Заев на следниов начин:

„Според информациите на Фокус биле следени помалку од 4.000 телефонски броеви. Со оглед дека станува збор за значајни личности проценките се дека секој од нив имал најмалку по 10 до 20 контакти со кој зборувал секојдневно. Така бројката на прислушувани стигнува до 50.000 граѓани, чии гласови редовно биле во системот на УБК. Очигледно е дека Заев на почетокот немал целосен увид во материјалите , што е логично, па ја презентираше бројката од 20-тина илјади која е практично помала од вистинската бројка на прислушувани лица“.

DSC_0031(1)

Обидот на Заев да ретерира од бројката која досега ја презентираше преку неговите медиуми не е ништо повеќе од потврда на уште една голема лага на лидерот на СДСМ. Оправдувањето дека Заев на почетокот „логично, немал целосен увид во материјалите, па затоа презентирал бројка од 20.000 прислушувани лица“  може да се смета само како приказна за мали деца, затоа што лидерот на СДСМ мошне експлицитно објаснуваше дека „станува збор за 20.000 илјади прислушувани броеви“. Дури и во неколку телевизиски интервјуа, на барање на водителите да објасни дали мисли на броеви или на граѓани, тој категорично тврдеше дека станува збор за прислушувани броеви. Оттука воопшто не може да биде „логично“ дека тој ја истресол бројката „од ракав“ затоа што немал увид, туку затоа што сакал свесно да манипулира со јавноста.  Логично е ако не ја знаел точната бројка да кажел дека не знае и дека ќе ја соопшти кога ќе ја знае, но во никој случај не е „логично“ да ја лаже целата македонска јавност, а потоа опозициските новинари кои себеси се сметаат за „професионалци“ и аналитичарите кои безусловно ги поддржуваат неговите тези да ја пласираат таа бројка како апсолутна вистина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top