| четврток, 6 декември 2018 |

Лабеништа, Лика и Дураку си дадоа отставка од политичките и партиските функции во ДУИ

Иако претендираше за прв човек на огранокот на ДУИ во Струга и со месеци водеше остра битка со својот конкурент, екс градоначалникот Рамиз Мерко, на изборното собрание на ДУИ не присуствуваше Арбен Лабеништа. Тој вчера преку социјалните мрежи соопшти дека ја напушта функцијата заменик министер за одбрана како и партиските позиции и изрази несогласување со односот на ДУИ кон важните државни и национални прашања.

-Тоа што се случува не ја засега само власта и опозицијата во Македонија, туку е на директна штета на албанските интереси. Сметам дека ДУИ веднаш треба да стане дел од преговорите во Брисел за решавање на актуелните проблеми, да го следи процесот директно и да побара да запре овој систем на владеење, кој е антиалбански јазик и антидемократски. Нецивилизирани луѓе, неедуцирана демократија, недостатокот од етички и морални капацитети создава хаос, искористување, обесхрабрување, талог кој ќе ги покрие нашите напори за нашиот национален и општествен живот во иднина, пишува Лабеништа.

Веднаш по него, од функцијата организациски секретар, се повлече Хазби Лика. Незадоволен е од внатрепартиските избори, посебно во Струга, и чувствува како неговата работа се претворила во декор. Поранешниот заменик министер за внатрешни работи и градоначалник на Тетово, сепак, останува член на Централното претседателство и пратеник. На Лабеништа и Лика им се придружи и поранешниот портпарол на Владата Шефик Дураку, повлекувајќи се од позицијата заменик претседател на огранокот во Арачиново. Раководството на ДУИ не очекува бранот оставки да продолжи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top