Промената на на временот која се случи денеска не е безопасна ниту за здравите, ниту за болните луѓе, предупредуваат лекарите. Откако го имавме најтоплиот петок во април со температури од 28 степени, денеска настапи нагло заладување следено со дожд на некои места и ветер. Големата промена на времето кој буквално настана преку ноќ најлошо ќе делува на здравјето на хроничните и срцевите болни, иако, според лекарите, тешкотии може да имаат и сосема здравите лица.
– Главоболка, напнатост, нервоза, болки во коските и зглобовите се тешкотии кои поради промената на времето може да ги имаат и здравите луѓе. Оние кои имаа низок притисок веројатно ќе се чувствуваат поспано и забавено. Граѓаните кои имаат проблеми со коскено-зглобниот систем можно е да почувствуваат болки и грчеви во мускулите, вели лекар од Општа пракса.
Денеска на здравјето најмногу треба да внимаваат хроничните и срцевите болни. Ниските температури ја згуснуваат крвта и на тој начин го зголемуваат ризикот од коронарна и церебрална тромбоза, главните окидачи на срцевиот и мозочниот удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?
-
Лекарите не се вреднуваат според заслугата, туку по партиска линија или ако се во род со професори – му се пожали специјализантка на Заев
-
Овие 5 знаци укажуваат дека имате отрови во телото


