Луис Хамилтон и во новатата сезона во Формула 1 ја продолжува својата доминација. Тој денеска победи за ГН на Бахреин што му е трета победа во четвртата трка од овогодиешниот шампионат.
Британецот стартуваше од пол-позицијата, целосно ја контролираше трката и беше прв од самиот почеток до крајот за нови 25 бода во генералниот пласман.
Далеку поинтересна беше битката за втората позиција која му припадна на Кими Раиконен кој ова му е прв подиум по пауза од 26 трки.
Главните конкуренти за второто место Себастијан Фетел и Нико Розберг ја испуштија шансата за второто место. Фетел мораше да се повлече од трката поради проблеми со болидот, а Нико Розберг кој тоа го искористи извозе опуштена трка мислејќи дека Раиконен е далеку зад него. На 15 круга до крајот Кими имаше 19 секунди заостанување зад Розберг, ја искористи грешката на Германецот на два круга до крајот и заслужено се радуваше на пиедесталот.
Зад Розберг на четвртата позиција се најде Валтери Ботас, пред Фетел, Рикардо, Грожан и Перез, а најдобрата „десетка“ на оваа трка ја заокружија Маса и Квијат. Фернандо Алонсо со Мекларен повторно остана без бодови освојувајќи го единаесеттото место, додека неговиот тимски колега Џенсон Батон поради проблеми со болидот воопшто не ја стартуваше трката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




