| четврток, 6 декември 2018 |

Раул Гонзалес: Шансата за Келн ја испуштивме во Скопје

Вторпат во низа РК Вардар своето учество во Лигата на шампионите го завршува во четвртфиналето. И на ланскиот настап против Хамбург и овогодинешниот против Кјелце речиси за влакно не успева да се пласира на толкупосакуваниот фајналфор турнир на четирите најдобри екипи на стариот континент во Келн.
Тренерот на Вардар шпанскиот стратег Раул Гонзалес веднаш по натпреварот истакна дека шансата за Келн е испуштена во Скопје.

vardar-7

– Кјелце заслужено се пласираше на завршниот турнир иако и двата тима имаа шанса да се најдат таму. Двата меча беа крајно неизвесни и решаваа нијанси. Му честитам на Кјелце и на мојот пријател Талант Дујшебаев и му посакувам многу успех во Келн. Ако ги погледнеме двата меча, тогаш е јасно дека шансата ја пропуштивме во Скопје. Дојдовме во Полска и не се предадовме, напротив се боревме и имавме шанса која не ја искористивме. Ќе работиме напорно, ќе се подготвуваме за следната сезона и се надеваме дека во третиот обид ќе стигнеме до Келн – изјави Раул Гонзалес по средбата во Кјелце.

Десниот бек Алекс Душебајев кој одигра маестрален натпревар исто така се сложува дека Вардар својата шанса ја пропушти во завршницата од првиот меч во Скопје.

Vive Tauron Kielce vs HC Vardar

– Лошо го одигравме тој завршен дел во Скопје. Тоа е периодот што веројатно го одлучи двомечот. Го дадовме својот максимум, мислам дека Вардар има квалитет и капацитет за највисоки дострели, но во ракометот мнпогу често одлучуваат нијанси – дополни Дујшебаев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top