– СДСМ само ветува, а ВМРО ДМПНЕ исполнува – изјави Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДМПНЕ и премиер на Република Македонија за на завршниот митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ во Велес.
– Има една работа со која можеме да се согласиме со Бранко Црвенковски, а тоа е дека имаме два концепта. Од една страна имаме концепт кој кога ја има власта тогаш таа е во ред, а кога не прави хаос, збрки, упади. Другиот концепт е концепт на работливост, дури и кога ќе погрешиме ќе се извиниме. ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои двосменски работат, а другата партија која ги разбира лефтерно работите. ВМРО-ДПМНЕ има по 120 точки на дневен ред на собраниските седници, a СДСМ само по 15 точки – рече Груевски.
Концептите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ имаат големи разлики, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ветува и остварува, а СДСМ само ветува, а не остварува.
– За време на ВМРО-ДПМНЕ беа дадени 135 милиони евра за субвенции на земјоделците, а за време на СДСМ не беше даден ниту денар. СДСМ вети бесплатни учебници, но никогаш не го реализираше тоа. Ние тоа не го ветивме, но го реализиравме. Кога СДСМ бече на власт здравството тонеше, немаше реформи, прогрес, само ѓердани за министерки и другиот концепт каде има реконструкции од 100 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ ги намали цените на лековите за четри пати, односно за 90 отсто, за разлика од времето на СДСМ кога немаше ред во здравството – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.