| четврток, 6 декември 2018 |

ИД објави снимка на егзекуција на 30-тина етиопски христијани

егзекуција

Џихадистичката група Исламска држава денеска на интернет објави ведео на кое е прикажана егзекуција на околу 30 мажи, за кои се тврди дека се етиопски христијани.

На видеото, кое трае 29 минути, е прикажано обезглавување на најмалку 16 мажи на една плажа во Либија, како и ликвидација со застрелување во глава на друга група од 12 лица во пустински предел.

Во видеото се тврди дека убиените се припадници на „непријателската Етиопска црква“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top