Во Дебар денеска почнаа градежните работи од проектот „Дебарско шеталиште“, со чија реализаицја се очекува градот да добие нов урбан лик.
Со овој проект, кој почна пред неколку месеци со сечење на стариот дрворед по главната улица изградена пред шест децении, таа ќе биде претворена во шеталиште, со посебен сообраќаен режим.
– Во првата фаза на отстранување на асфалтот пд главната улица се вклучени четири дебарски фрми кои работат без финансиски надомест. Веднаш потоа ќе се почне со поставување на електирчна, телекомуникациска и водоводна мрежа. Шеталиштето е во должина од 270 метри, а улицата со ширина и до 18 метри во зависност од просторот – изјави градоначалникот Ружди Љата.
Според него вкупно ќе биде поплочена површина од околу пет илјади квадратни метри, со квалитетен камен од селото Бањиште.
Оваа улица ќе има и ново осветлување, како и нови декоративни дрвја и се очекува да претставува пријатно место не само како шеталиште, туку и уреден трговски дел на градот, зашто тука се сконцентирани многу продавници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.