Јордан Ристески, советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, во изјава за Канал 5, обвинува дека политичките противници го грабнале и малтретирале, постојано заканувајќи му се.
Тој во изјава за телевизијата вели дека бил киднапиран и малтретиран во средата во 2 часот по полноќ, а неговите пријатели успеале да побегнат.
-Од кога ме истепаа, бев фотографиран, седнат на клупа, ме измачуваа. Ме внесоа во нивното возило, внатре добивав закани околу мојата политичка определба. Бев возен низ населбата Капиштец. После 20-тина минути бев ослободен, ме оставија на улица. Бев и до Државна болница, бев снимен, немав посериозни телесни повреди – вели Ристески за Канал 5.
Од МВР против тројцата осомничени на возраст од 34 до 41 година, се поднесени кривични пријави за противправно лишување од слобода, а за физички напад поднесени се прекршочни пријави.
Ристески е претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, вели дека напаѓачите не ги познавал од претходно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“
-
Обид за киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ
-
Го киднапирале од улица „Јуриј Гагарин“ и го чувале во стан поради наводен долг
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!