Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен северен ветер.
Температурата ќе се движи од 10 до 19 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно, посвежо и ветровито. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
До вторник ќе преовладува променливо облачно, ветровито и релативно студено време со повремен локален дожд со променлив интензитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.