| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон продолжува со доминацијата, утрешната трка во Бахреин ќе ја стартува од пол-позицијата

Најдобриот возач во Формула 1 во моментов, Британецот Луис Хамилтон, повторно ќе стартува од пол-позицијата оваа сезона откако денеска на патеката во Бахреин извозе најбрз круг со време од 1.33,928 секунди и за речиси половина секунда беше побрз од пилотот на Ферари Себастијан Фетел. На третото место се пласираше клупскиот колега на Хамилтон од Мерцедес, Нико Розберг, а понатаму следуваа Раиконен, Ботас, Маса и Рикардо.За одбележување е и новото очајно издание на тимот на Мекларен, па Алонсо утрешната трка ќе ја стартува од 14. позиција, а Џенсон Батон како последнопласиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top