Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека без разлика на сегашните политички разлики, долгорочно е можна слободна трговска зона во која би учествувале Германија и Русија. Говорејќи на економскиот форум во Стралсунд, Меркел рече дека Германија е заинтересирана за поблиска економска соработка и со Русија во иднина.
– На долг рок е можно да се создаде голема слободна трговска зона во која ќе биде и Русија. Чекор по чекор, ние правиме се што е можно да создадеме заедничка економска зона – како што претседателот Владимир Путин еднаш рече од Владивосток до Лисабон“, ја пренесува изјавата на Меркел веб сајтот „Спутник“. Според неа политичките разлики меѓу Русија и членките на НАТО и ЕУ треба да бидат надминати со дипломатски мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


