| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нашиот став е јасен- треба да има правна и потоа политичка разрешница

vmro 3Имаме ние свои грешки, си ги знаеме мааните и знаеме како да ги корегираме, но јас знам и граѓаните знаат дека СДСМ со ваков начин на однесување и со ваков кадар никогаш нема да биде соодветна алтернатива на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Ова го истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на народниот собир во Прилеп.

– И не е ни чудо што со оваа цела операција ништо не направија, освен што закрвија народ, и поставија основ за секаков вид на проблеми и конфликти. Тоа всушност беше и целта на неговите нарачатели. Има уште една интересна работа која вреди да се искоментира. Тоа е темата која самите си ја отворија, а тоа е демек амнестија за сите. И тоа така смешно го прават, прво низ некаква призма на преговори, па потоа си нафрлаат топка и самите демек закуцуваат, не сакале амнестија се ќе било судено, сите ќе одговарале и слично. Човек не знае како да одговори на ова а да не биде погрешно сфатен. Ние кажавме повеќе пати и нашиот став е јасен по ова прашање, рече Груевски.

На собирот Груевски потенцираше дека треба да има правна и потоа политичка разрешница и дека тоа е реалноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top