| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски до Заев: Не си играј играчки, да не те лаже ѓаволот да правиш глупости

gruevski-zaevЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски денеска од народниот собир во Прилеп на лидерот на опозциската СДСМ Зоран Заев му порача дека нема да му дозволат да направи граѓански конфликт во Македонија.

– Го гледам пред некој ден така засилен и раскомотен малку, подолабавена кошулата, демек неформален е. Вика гордо, ако треба и крв ќе падне. Слушам не ми се верува, враќам назад, пак слушам, стварно тоа го збори, си велам абе човек, седи мирен и не си играј играчки, тешки зборови кажуваш, не си играј играчки, да не те лаже ѓаволот да правиш глупости, зашто ако седиме мирно и те пуштаме на глава да ни се качуваш, не значи дека ќе дозволиме и граѓански конфликт да направиш, порача Груевски.

Додаде дека Заев не треба да верува оти некој ќе му дозволи да си игра со безбедноста на државата. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top