Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски денеска од народниот собир во Прилеп рече дека Зоран Заев е уплашен човек, заложник и марионета. Го потсетувал на детска емисија наречена раскажувачот, во која човек со куче покрај камин отворал книга и почнувал да раскажува.
– Е тој раскажувач во случајов од струмичко Муртино си дава свој контекст на дополнително креирани и сецкани разговори и одвреме навреме ќе подвикне, ќе се закани, ќе каже дека е многу силен и не се плаши од ништо, а всушност длабоко во него се крие едно така уплашено човече што дури на тие што добро знаат да проценат личност, односно да направат психолошка проценка, им е совршено јасно и многу лесно ќе го видат тоа. И колку повеќе се сили, толку повеќе е уплашен, рече Груевски.
Според Груевски, во изразот и гестикулациите на Заев се гледа неговиот страв дека нема да успее во намерите.
– Тоа му се гледа во нејасниот поглед, во изнасилените и неприродни гестикулации, кои не му се својствени, во згрчената насмевка, демек се смешка, значи треба да веруваме дека е лабав и опуштен, а не сфаќа дека делува како да лапнал лимон, со сето ова што го прави, тој е само еден уплашен човек, кој гледа дека не успеа во неговите намери и во реализација на нарачките на неговите сценаристи, на тие што му го смислија ова, зашто знаеме сите дека човекот е заложник и обична марионета, додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер


