| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Оние кои се синоним за неработење и страшно богатење сакаат на подмолен начин да наштетат на нашиот кредибилитет

vmro 12Оние кои се синоним за неработење и страшно богатење сакаат на подмолен начин да наштетат на нашиот кредибилитет, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски денеска на народниот собир во Прилеп.

– Е сега, на сиот труд, работа, посветеност, овие кои се синоним за неработење и лоповлук, на делење тендери по роднини и на страшно богатење и перење на пари преку кирии од рент на имот во кој живеат, и со други методи за кои веројатно и ќе се дознае појасно, сакаат на ваков подмолен начин, со како што и самите признаа, креирани, сечени материјали, преку невистини и лажни контексти во кои ги најавуваат своите прес-конференции, преку соработка со структури кои не и сакаат добро на Македонија, да ни наштетат лично и на нашиот кредибилитет и интегритет, мислејќи дека на таков начин ќе добијат поддршка од граѓаните- рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top