| четврток, 6 декември 2018 |

100 милиони евра за прилепските земјоделци

zemjodelciПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на народниот собир во Прилеп порача дека политичарите треба да се ценат по нивната програма – по тоа што го работат за граѓаните и дали ја оправдуваат нивната доверба.

– Следете ги политичарите по тоа што го создаваат за вас, по тоа што го работат да го подобрат вашето секојдневие, по тоа што се обидуваат да ви отворат повеќе можности за вас и вашите најблиски, следете ги по тоа што го прават за различните социјални групи, за невработените преку отворање на нови работни места и фабрики, преку изградбата на автопати и локални и регионални патишта, инфраструктура, водоводи и канализации, преку напорите кои ги вложуваат за подобрување на животот и условите за живот на граѓаните, рече Груевски.

Токму во Прилеп, земјоделците, а посебно тутунарите, знаат што значат празни зборови и лажни ветувања од времето кога беше СДСМ на власт, нагласи Груевски, потсетувајќи на субвенциите за аграрот кои се доделуваат во изминатите години од ВМРО-ДПМНЕ.

– Знаат што е реална поддршка од 1 евро по килограм тутун од ова време на ВМРО. Ги слушнаа и експертите на СДСМ како цинично не нарекуваат земјоделско-конзервативнаа влада, бесни заради нашата помош и поддршка на сиромашниот земјоделец, затоа што тие не го правеа тоа, па сега се лути кога друг го прави. Знаат и лозарите и сточарите и сите други земјоделци, низ колку реки жедни поминаа со СДСМ, од една страна, и каква поддршка денес имаат од ВМРО. Вкупно над 25 милиони евра годишни субвенции. Во време на ВМРО-ДПМНЕ на ниво на општина исплатени се преку 100 милиони евра, рече Груевски во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top