| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозна болест убива за 24 часа

szoНајмалку 17 лица починаа од мистериозна болест која заболените ги убива во рок од 24 часа, соопшти денеска нигериската Влада. Мистериозната болест изби кон почетокот на неделата во градот Оде Иреле, соопшти портпаролот на државата Ондо, Кајоде Акинмаде.

Болеста, чии симптоми вклучуваат главоболка, губење на телесната тежина, загален вид и губење на свеста ги убива своите жртви во рок од 24 часа од првите симптоми, прецизираше тој. Акинмаде наведе дека лабраториските тестови исклучиле ебола или кој било друг вирус.

Во Оде Ореле стасале здравствени работници, експери од владините у хуманитарните агенции, како и епидемиолози од Светската здравствена организација. СЗО соопшти дека има информација за 14 случаи на болеста, од кои 12 мртви.

Покрај 17 починати, во изминатите 72 часа не е забележан ниту еден нов случај на болеста и таа не се проширила надвор од градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top