| четврток, 6 декември 2018 |

Палестина ќе ги добие парите од Израел

palestina pariПалестинскиот претседател Махмуд Абас изјави денеска дека постигнал договор со Израел, врз основа на кој, приходите од царини и даноци кои таа земја ги собира во име на Палестинците, ќе ги трансферира после тримесечно замрзнување.

– Имаме договор, сите пари ќе бидат испратени, рече Абас.

Тој претходно го отфрли предлогот на Израел тие фондови да се одмрзнат бидејќи таквиот потег ќе подразбираше намалување на сумата за да се исплатат долговите на Палестинската управа, меѓу другото, и кон израелската електрична компанија.

Израел ги собира даноците и царините во име на Палестинците и ги трансферира парите, кои претставуваат 70 отсто од приходите на Палестинската управа.

Израел одлучи да ги замрзне средствата откако Палестинците во јануари побараа членство во Меѓународниот кривичен суд, со што им се отвора можноста за тужби против Израел за воени злосторства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top