| четврток, 6 декември 2018 |

На барање на земјоделците: оглас за закуп на државно земјиште и субвении за расен добиток

kravicaВо мај ќе биде објавен јавен оглас за доделување државно земјоделско земјиште за закуп до 3 хектари, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на народниот собир во Прилеп.

Огласот ќе важи за општините: Гази Баба, Кисела Вода, Битола, Ресен, Тетово, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Кочани, Свети Николе, Велес, Гевгелија и во Прилеп.

За сточарите, пак, Груевски најави дека наскоро ќе бидат воведени субвенции во висина од 50 проценти од трошоците за набавка на расен добиток, вклучително и за високоприносни грла овци, што е барање и на сточарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top