| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународната заедница е свесна за штетата која ја прави Заев

zaev_pekol_thumb_medium500_281Народот ги прочита СДСМ и не им верува, иако мислеа којзнае што ќе направат и го потценија нашиот народ, втора карика им беше меѓународната заедница и се колнеа во неа како во единствен апсолут, и од таму не го добија тоа што го сакаат, па сега се обидуваат со провидни наслови и контексти да презентираат демек којзнае каква поддршка имаат. Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски денеска  на народниот собир во Прилеп.

Тоа, како што додаде, го прават да ги надоместат лагите кои им ги кажуваше моменталниот предводник на СДСМ на своите следбеници, дека странците се јако зад нив и ние само што не сме паднале.

– Лажеше како никој и сега мора да го перат медиумите на Сорос, кај што патем кажано освен како што ви кажав се говори дека дури и тој самиот фрлал по некое евро, односно по некое плико со евра, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не може да разбере од „каде тој комплекс кај нив така да се однесуваат поданички и возбудено како кутре кое мафта со опавчето кога некој ќе ги праша дали странците ги поддржуваат“.

– Еве јас ќе ви кажам што поддржуваат странците. Тие поддржуваат ова да заврши што е можно побрзо, затоа што и сакаат добро на државава и се свесни (говорам за оние кои ни се заинтересирани пријатели) дека штетата која овој човек со ова однесување и ја прави на државата е огромна и може да ги загрози нејзините перспективи. Странците сакаат сериозно и одговорно пристапување кон процесот ,,Пуч“ и кон наводите произлезени од нападите на опозицијата. Странците (потсетувам тука, говорам за добронамерните пријатели на нашата земја) сакаат стабилна Македонија која ќе продолжи по реформскиот курс и ќе создава подобри услови и можности за граѓаните низ демократски процеси. Сето тоа е во ред и треба да се земе сериозно и одговорно и ние тоа го правиме, во контекст на аспирациите и стратешките определби на Македонија за влез во ЕУ и НАТО, додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top