| четврток, 6 декември 2018 |

Најавен Закон за откуп на стаж по намалена стапка

vmro 12

На барање на голем број работници од пропаднати фирми, кои поради стечај или од други причини подолго време не постојат или не работат, Владата нашла решение како да го откупат стажот и тоа наскоро ќе биде преточено во закон, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на денешниот народен собир во Прилеп.

– Со новите законски измени кои ќе следуваат, се предлага работниците од ваквите фирми да можат да си го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за неплатени придонеси заклучно со 31.12.2008 година, со оглед дека од 1.1.2009 започа системот на интегрирана наплата на плати и придонеси, по намалена стапка, рече Груевски. 

Тој додаде дека и работниците биле залажувани од ветувањата на СДСМ, потсетувајќи дека ВМДРО-ДПМНЕ е партијата што  ја обезбеди загарантираната минимална плата.

– Се изнаслушаа ветувања од СДСМ. Никогаш не ја добија толку бараната загарантирана со закон минимална плата. ВМРО не ја вети, но ја обезбеди, како што ги обезбеди и сите работници кои работеа во доминантно државни фирми а отидоа во стечај, рече Груевски во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top