| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Љубчо сакајќи да му помогне доби закана од Заев

vmro 10Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски смета дека лидерот на СДСМ си ја покажал својата природа заканувајќи му се на Љубчо Георгиевски кој само, како што рече, побарал амнестија за Зоран Заев и неговите соработници.

– Човекот јавно побара амнестија за Заев и за неговите соработници и ништо повеќе, но Заев дали не дочул, дали не доразбрал, зашто и тоа е можно, веднаш му се закани на Љубчо дека ќе објавел нешто и за него. Како демократ неверојатна работа. Значи сирот Љубчо сакајќи да му помогне веднаш си доби закана. Заканиве кај Заев некако инстинктивно му доаѓаат. Всушност како некој рефлекс, рече Груевски на народниот митинг што денеска ВМРО-ДПНЕ го одржа во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top