Денеска во Примера дивизја се игра дербито меѓу Барселона и Валенсија. Ова може да биде решавачки натпревар во борбата за титулата бидејќи каталонскиот гигант по ремито против Севилја во минатото коло има само два бода предност пред лутиот ривал Реал Мадрид. Медиумите во Шпанија коментираат дека Валенсија може да биде последната голема пречка за Барселона за освојување на титулата.
Затоа тренерот на Барса Луис Енрике предупредува дека Валенсија е силен состав, но неговите играчи се секогаш подготвени да одат на победа.
– Размислуваме само за победа, како и секогаш, тоа е наша обврска. Валенсија е квалитетен тим, но ние ќе сториме се за да стигнеме до триумф – вели тренерот на Барселона.
Луис Енрике ќе го нема на располагање Андрес Иниеста кој се повреди на натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампионите, но во составот се враќа Дани Алвеш на десната бековска позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.