Нов експресен пат со четири ленти од Градско до Прилеп ќе почне да се гради ова лето, инвестиција вредна 70 милиони евра, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на денешниот народен собир во Прилеп.
– Во април ќе започне и реконструкција на железничката станица во Прилеп на која ќе пристигаат и новите шест возови. Се ова со најголем напор на Миле Јанакиески, човекот кој зедно со Марјан Ристески направија најмногу за оваа општина и овој регион, а ако се суди по креираните снимки на Заев тие треба да се најлошите луѓе. Затоа велам, гледајте кој што прави и создаава, рече Груевски пред граѓаните на Прилеп.
Соопшти дека годинава ќе почне и изградба на нови регионални и локални патни правци Прилеп – Маркова Чешма и село Лениште – Манастир Св. Петка и потсети на други инфраструктирни инвестиции во Прилеп и Прилепско во изминатите неколку години.
– Само во последните две години овде, во ова општина, се завшија градби и реконструкции на 20 локални патишта и инвестиција од 10 милиони евра. Сеинвестирше и во регионални патиштаа и тоа: Прилеп – Кривогаштани со должина од 19 км, вредност 141 милион денари, Прилеп – Македонски Брод со должина од 37 км, вредност 282 милион денари, рече Груевски.
Во текот на 2013 година, рече Груевски, извршена е санација на една коловозна лента на магистралниот пат А1 на Плетвар во должина од околу 1,60 км со вкупна вредност од 6 милион денари. Во 2014 година е извршена надградба на магистралниот пат А1 делница, Плетвар – Фариш – Росоман во должина од околу 1,0 км со вкупна вредност од 6 милион денари, како и надградба на клучката на А3 влез во Прилеп кај споменикот на паднати борци-Могила со вкупна вредност од 2,8 милиони денари.
На регионалните патишта Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Сладуево и Прилеп – Македонски Брод – Кичево во должина од 11,5 км е поставена нова сообраќајна сигнализација и опрема. Инвестицијата е во вредност од 30 милиони денари
– Во овој период се изгради и патот до манастирот Трескавец, а во финална фаза е изградбата на патот до манстирот Зрзе, проекти вредни околу 3 милиони евра. Се инвестираат и 20 милиони евра за изградба на канализациска мрежа и пречистителна станица во вредност од 20 милиони евра. Исто така, преку Европската инвестициска банка се обезбедија пари за изградба на канализациска мрежа за село Канатларци и Горно Коњаре, додаде Груевски на народниот собир во Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер


