| четврток, 6 декември 2018 |

Годинава ќе се инвестираат 4.3 милиони денари во нови патни правци

ekonomija-patista-51-top-740x320

Само во последните две години во Прилеп се завршени градби и реконструкции на 20 локални патишта и инвестиција од 10 милиони евра. Премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп потсети каде се е инвестирано.

Тој рече:

Се инвестираше и во регионални патиштаа и тоа:
-Прилеп – Кривогаштани со должина од 19 км, вредност 141 милион денари

– Прилеп – Македонски Брод со должина од 37 км, вредност 282 милион денари

– во текот на 2013 година е извршена санација на една коловозна лента на магистралниот пат А1 на Плетвар во должина од околу 1,60 км со вкупна вредност од 6 милион денари.

– во текот на 2014 година се изврши надградба на магистралниот пат А1 делница, Плетвар – Фариш – Росоман во должина од околу 1,0 км со вкупна вредност од 6 милион денари.

– во текот на 2014 година се изврши надградба на клучката на А3 влез во Прилеп кај споменикот на паднати борци-Могила со вкупна вредност од 2,8 милиони денари

– на регионалните патишта Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Сладуево и Прилеп – Македонски Брод – Кичево во должина од 11,5 км се постави нова сообраќајна сигнализација и опрема. Инвестицијата е во вредност од 30 милиони денари.

Груевски најави дека оваа година ќе почнат инвестиции вредни 4.3 милиони денари во изградба на нови регионални и локални патни правци, од кои најголем е новиот експресен пат со 4 ленти чија градба треба да почне ова лето, од Градско до Прилеп инвестиција од 70 милиони евра.
Другите патишта се:

Прилеп – Маркова Чешма во должина од 1,41 км вредност од 12,1 милион денари
Локален пат с. Лениште – Манастир Св. Петка во должина од 0,88км со вредност од 6,6 милион денари

Во Април ќе започне реконструкција на железничката станица во Прилеп на која ќе присстигаат и новите шест возови, и се ова со најголем напор на Миле Јанакиески, човекот кој зедно со Марјан Ристевски направија најмногу за оваа општина иовој регион, а ако се суди по креираните снимки на Заев тие треба да се најлошите луѓе. Затоа велам, гледајте кој што прави и создаава. Во овој период се решија и над 9000 барања заа легализација.

Во овој период се Изгради и  патот до манастирот Трескавец a а во финална фаза е изградбата на  патот до манстирот Зрзе, проекти вредни околу 3 милиони евра а се инвестираат и 20 милиони евра за изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица во вредност од 20 милиони евра. Исто така преку Европската инвестициска банка се обезбедија пари за изградба на канализациона мрежа  за с. Канатларци и Горно Коњаре.
Во моментов се градат 75 станови за социјалните семејства кои во јуни ќе им се обезбеди топол дом.
Решен е проблемот со водоснабдувањето. Инвестиравме 15 милиони евра за навек да немаме проблеми. Изградивме 150 км водоводна мрежа и нови бунари,

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top