Дали лесно во животот ќе дојдете до пари или ќе мора да се мачите за секој денар, може да ви открие комбинацијата на броевите на вашето име.
Како да пресметате:
Прво напишете ги вашето име и презиме, па во низата подоле пронајдете го бројот кој одговара на секоја буква. Соберете ги броевите од името и презимето одвоени, а потоа соберете ги тие два броја. Собирајте додека не добиете едноцифрен број.
А, И, Ј = 1
Б, К, Р =2
Ц, Г, Л, С, Ќ, Ч, Ш, Љ = 3
Д, М, Т, Ѓ, Џ = 4
Е, Х, Н, Њ = 5
У, В = 6
О, З, Ж, Ѕ = 7
Ф, П = 8
Еден
Единиците настојуваат секогаш да бидат први. Се трудат совршено да ја извршуваат својата работа, бидејќи од тоа зависи нивното самопочитување. Работодавачите многу ги цената луѓето со број 1. Повеќе ги интересира самата рабоата отколку стекнувањето капитал.
Два
Двојките секогаш до себе имаат партнери кои им помагаат да дојдат до пари. Нивните партнери или ги издржуваат или ги вработуваат или им обезбедуваат услови за реализација на своите деловни потенцијали. Способноста на Двојките најмногу доаѓа до израз во тим, па така тие најмногу ќе заработуваат и напредуваат како тим.
Три
Тројките многу ги сакаат парите, но до нив доаѓаат само кога ќе им тргне од рака бизнисот да го поврзат со својата голема потреба да се забавуваат. Без талент и среќа, Тројките живеат од споредни, несигурни заработки. Богатството ќе го стекнат само ако имаат вистински талент или луда среќа.
Четири
Четворките до ништо во животот не стигнуваат лесно. Мораат да вложуваат многу напори за секој успех. Тие мора да одбиваат работи кои вистински ги привлекуваат поради сигурни и подобро платени работи. Четворките се големи работници. Нивниот успех секогаш ќе биде оправдан и заслужен, но судбината, за жал, не ги наградува секој пат.
Пет
Петките се опуштени личности, па најголемите заработувачки ги чекаат на патувањата и во странство. Петките лесно ја менуваат дејноста, па никогаш нема да бидат сиромашни. Имаат многу таленти кои добро се плаќаат.
Шест
Шеската бара истомисленици и поврзаност. Затоа најчесто успесите ќе ги постигнуваат низ семејниот бизнис, а ако се занимаваат со некоја креативна работа, тогаш низ ко-авторство. Парадоксот на Шестката е во тоа дека што повеќе даваат, толку повеќе имаат, па ако не успеат да работата во заедница, може да се случи целиот живот да го поминат во сиромаштија.
Седум
Главна особина на Седмицата е аналитичност. Финансиите не ги интересираат премногу. Во состојба се да работата само за идеи. Ќе ја жртвуваат благосостојбата за да се занимаваат со нешто што навистина го сакаат и во тоа веруваат.
Осум
Осмиците секогаш тежнеат кон материјални и конкретни резултати. Ним им е најважно да е добро платено она што го работат. Никогаш ништо не работат од чист ентузијазам, бидејќи работа заради работа воопшто не ги привлекува. Целиот живот можат да работат нешто што суштински не ги интересира само ако е добро платено.
Девет
Од една страна Деветките, тежнеат за работа која ќе има глобално влијание и помош кои ќе можат да го усреќат целото човештво, а од друга страна тежнеат таквата дејност да им донесе брз, лесен и голем профит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.