| четврток, 6 декември 2018 |

Епидемија на туларемија во Арачиново

Поради зголемениот број случаи на туларемија во последните три месеци, Центарот за јавно здравје – Скопје вчера на подрачје на Арачиново прогласи локална епидемија. На подрачјето на општината се лабораториски потврдени уште  два нови случаи на заболени од оваа болест . Со тоа вкупниот број заболени на тоа подрачје изнесува 12.

Билјана Даниловска од Центарот за јавно здравје – Скопје денеска изјави дека од 12-мината заболени, шест се од село Грушино, а шест од село Арачиново.

– Сите пријавени заболени лица од страна на епидемиолошка екипа од Центарот за јавно здравје се анкетирани. Заболените се на возраст од 11 до 73 години. Најголем процент (42 отсто) од заболените односно пет заболени се на возраст од 20 до 29 години, истакна Даниловска.

Со 12-те случаи на подрачјето на општина Арачиново, вкупниот број заболени од туларемија во Македонија изнесува 31.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top