Советот на Град Скопје денеска на 43. седница едногласно донесе одлука за збратимување на Скопје и Софија. Бугарската престолнина станува 19 град со кој Скопје се збратимува.
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, ја поздрави оваа одлука истакнувајќи дека се носи по долгогодишната соработка меѓу Софија и Скопје, и ќе биде добра основа за продлабочување на соработката на економско ниво, размена на искуства, како и за соработка во многу заеднички проекти.
Збратимувањето го поздрави и амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Петков, кој изрази надеж дека оваа одлука ќе ја направи уште поплодна, како што рече, и онака одличната соработка меѓу двата главни града.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.