Државјани на земјите од западен Балкан се вклучени во воените конфликти на потегот од Азовско Море, па до Алепо, што предизвикува загриженост кај нивните влади, кои дури донесоа закони со кои учеството во војни во други држави го прогласија за кривично дело, објави лондонскиот весник „Економист“.
Магазинот тврди дека Срби им се приклучиле на проруските сили во Украина, Хрвати се борат на страна на украинските владини сили, додека повеќемина балкански муслимани војуваат во Ирак и во Сирија во редовите на исламистичките групи.
– За Хрватите и за Србите украинската војна е реприза на нивните судири од 90-тите години на минатиот век, авантура или крстоносен поход – наведува „Економист“.
Според весникот, верувајќи дека водат крстноносна борба, Срби се приклучуваат на мали ултранационалистички групи во Украина кои ја презираат својата влада, ја мразат ЕУ и се противат на членство на нивната земја во НАТО.
– Исти се и Хрватите во украинскиот баталјон „Азов“, озлогласена единица позната по нацистичките симболи, која привлече доброволци од цела Европа – додава „Економист“.
Според полскиот истражувач Каспер Рекавек, на секоја страна во украинскиот конфликт се борат по околу 300 странски државјани, меѓу нив и стотина Срби и околу 25 Хрвати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти
-
Се укинуваат автобуски линии, a војниците сами се снаоѓаат за превоз
-
Тројца војници од НАТО загинаа во Авганистан