| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул ослабен ќе настапи во полуфиналето од ФА-купот

Црвените од Ливерпул ослабени ќе настапат на полуфиналето од ФА-купот. Првиот играч во опцијата во нападот Даниел Стариџ поради повреда на грбот го пропушти и првенствениот натпревар против Њукасл и не успеа на време да се рехабилитира и да им помогне на своите соиграчи.
Тој истотака не одржал ниту еден тренинг цела недела со својата екипа и повеќе од сигурно е дека менаџерот Брендон Роџерс нема да ризикува.
На неделниот натпревар против Астон Вила на „Вембли“ Ливерпул посакува триумф и пласман во големото финале. Сепак Роџерс сеуште не знае дали ќе го има на располагање и Марио Балотели, но добра вест е што капитенот Стивен Џерард ќе биде во составот откако ја одлежа суспензијата како и столбот во одбраната Мартин Шкртел.

Во второто полуфинале ќе играат Ридинг и Арсенал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top